45 000 самопопишани во Швајцарија а само 1682 во Австралија

Над 45 000 самопопишани во Швајцарија а само 1682 во Австралија. Отпорот кон процесот на попишување не се намалува и отвора сомнеж дали крајниот резултат од пописот ќе биде точен. И покрај организациите за бојкот и иницијативите преку социјалните мрежи граѓаните да не им отвораат врата на попишувачите, Власта барем за сега нема намера да го одложи пописот иако бројот на заразени и починати од Ковид 19 расте. Од Државниот завод за статистика се свесни дека дел од луѓето се против пописот, ама се надеваат и веруваат дека во последен миг, кај граѓаните ќе преовладал разумот и ќе учествувале во статистичката операција.

Граѓаните се загрижени за можниот пораст на заразени после процесот на попишување, ама портпаролот на Владата Душко Арсовски е убеден дека немало да има простор за никаков ризик.

„Ве уверувам дека ќе бидат користени сите заштитни места. Сите мерки ќе бидат преземени. Нема простор за никаков ризик и убедени сме дека тоа го разбираат најголем дел од граѓаните“, изјави Арсовски.

За бојкот на пописот Владата најави казни. Според законот за попис секој што ќе одбие да се попише треба да биде парично казнет со глоба од 200 до 300 евра, а оние кои организираат бојкот, кривично ќе одговараат согласно членот 387 од кривичниот законик „организирање отпор или непослушност кон законити мерки“ и ќе се здобијат со казна затвор од една до пет години.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста