44% од жените и девојчињата во Mакедонија се жртви на психолошко насилство

44% од жените и девојчињата во Македонија се жртви на психолошко насилство, од партнер или друг насилник. Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство е на сила повеќе од една година, но тоа не ја промени значително состојбата на терен.

Жените и девојчињата секојдневно се изложени на разни видови насилство и тоа: физичко, психолошко, економско насилство, демнење, сексуално насилство, присилен брак, женско генитално осакатување, присилен абортус и присилна стерилизација и трговија со жени и девојчиња. Дали кампањите за борба против ваков тип на насилство можат да ја подобрат ситуацијата? Надлежните се оптимисти.

Само заедно со заедничка борба може да ја добиеме борбата против насилството. Еден апел до жртвите на родово базирано насилство, не сте сами, тука сме како институции, пред се како луѓе да го спречиме и превенираме, но и да ги заштитиме сите девојки кои во еден момент може да се најдат во синџирот на насилство, изјави Јованка Тренчевска – министерка за труд и социјална политика

Надлежните тврдат дека се повеќе жени пријавуваат насилство што укажува на тоа дека не се молчи и дека свеста е подигната.

Надлежната министерка тврди дека во Македонија има 13 центри за жени жртви и нивните деца, 10 специјализирани советувалишта. Во некои од нив жртвите можат да бидат згрижени од 10 до 12 месеци.

“Со тебе сме – против насилство на жените и девојчињата” е мотото на кампањата промовирана денеска,  со цел поголема и спречување на овој тип на насилство. Кампањата е финансиски поддржана од Холандската амбасада.

Бојана Златкова