Масло за јадење може да купите, ама ограничено. Власта најде привремен рецепт за хаосот во маркетите. Остава трговците сами да одлучуваат за продажбата, но ако не се воведе ред, во вторник ќе се реагира со конкретни рестрикции. По низата убедувања од надлежните дека храна ќе има, и дека има доволно количини кај производителите, оправдувањето за ваквата мерка од Бектеши е дека се носела поради зголемената потрошувачка и да се спречела сивата економија.

Согласно Законот за трговија се препорачува ние пративме вчера известување до сите трговци на мало за да продаваат ограничено, имајќи ги во предвид нивните политики се со цел да не се наруши пазарот и непотребно да не се купува, и да не се злоупотребува од малите трговци. Затоа просечно во нашата држава потрошувачката на масло е околу 3- 4 литри максимум на домаќинство, изјави Бектеши

Сликата по маркетите со денови е иста. Празни рафтови на местото каде вообичаено стои маслото за јадење. Граѓаните збунети, велат на што ќе се ограничува продажбата кога масло и воопшто нема?!

Дел од производителите велат оти нивните магацини се полни со залихи, но никој не им го купува маслото откако беа донесени мерките за намалување на маржата и нула проценти ДДВ на основните продутки. Полни се и стоковите резерви, но до сега никој не испратил барање за отворање на истите.

Најновото ограничување кое се очекува да го стабилизира пазарот ќе важи до 31 мај. Доколку трговците забележат прекршување на мерката треба да пријават до Државниот пазарен иснпекторат.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста