40% од вкупниот отпад е од текстилот – Од први јануари нов закон за управување со текстилен отпад

Околу 600 до 700тони текстилен отпад само од штипските конфекции годишно завршува на депонијата Трештена скала во Штип. Анализите на невладиниот сектор укажуваат дека овој отпад може да биде претворен во профит, а животната средина спасена од сериозен загадувач.

„Подолго време ние произведуваме украсни пернички, перници за миленици, а исто така може да се употреби како изолациски матрејали, бехатон плочки„-изјави Борис Шарковски од Фондацијата за развој на локалната заедница.

Реискористувањето на текстилниот отпад преставува вистински предизвик и за конфекционерите чии хали и магацини се затрупани од него. Нашата законска регулатива не се совпаѓа со европската, па поради тоа бизнис идејата на штипскиот конфекционер Кирил Нашков и неговите партнери од Хрватска, текстилен отпад да го искористат за автомобилската индустрија не се реализирала

„Тогаш не најдовме разбирање од Царинската управа, бидејќи баравме да не ослободи од вредноста на отпадот. Тогаш рекоа дека не може да се смени таа регулатива„-изјави Кирил Нашков, претставник од Текстилниот кластер .

Со новиот Закон за употреба на текстилен отпад, масла и гуми кој треба да стапи на сила од 1јануари наредната година ќе се овозможи реискористување на текстилниот отпад, а е предвидено и поставување на контејнери за негово складирање . Во светски рамки модната индустрија се смета за најголем загадувач. Памукот се разградува за околу три месеци, додека на синтетичките ткаенини им се потребни и стотици години.

Александра Ристевска

Advertisements

Поврзани вести