Ќе има ли влада во Софија до 16-ти декември? Бугарскиот амбасадор обвинува дека не се почитува Договорот за добрососедство

Без формирање на нова бугарска влада, Македонија не може да очекува да се дојде до  решение за разликите меѓу двете држави. Дополнителен проблем за Бугарија преставува и неисполнувањето на Договорот за добрососедство, вели  амбасадарот на Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов

  „Утре е првата сесија на новиот Парламент на Бугарија и се надеваме дека новата политичка влада ќе постигне договор со Владата на Северна Македонија. Треба да оставиме да се формира владата, затоа што во Парламентот има седум политички партии и е многу тешко постигнувањето на решение. „- рече Ангелов.

Според Ангелов проблемот е во тоа што Договорот за добрососедство од 2017 година не се исполнува од македонска страна, но и тоа дека Бугарија никогаш немала претензии за бугарско малцинство во земјава.

   „Договорот за добрососесдство не се исполнува. Овде е целиот проблем. Ние сакаме да се исполнува од сите аспекти. Што се однесува до вашето прво прашање според Бугарија во Уставот како и ФРанција не признава малцинства, сите граѓани се еднакви пред законот, односно не признаваме колективни права, секој има индивидуални права да се чувствува како што сака, ниту пак да му го забрани тоа„-изјави амбасадорот на Бугарија во Макединија.

Во Европскиот суд за човекови права Бугарија има 16пресуди за негирање и прекршување на правата за здружување на македонското малцинство . 

Александра Ристевска

Advertisements