Менструацијата луксуз-15% од девојчињата користат весници наместо влошки!

Менструацијата во земјава е луксуз, 15 отсто од девојчињата користат весници наместо хигиенски влошки за време на менструалниот циклус, поради високата цена на средствата за лична хигиена, покажа истражувањето на здружението Новинари за промена и Институтот за јавно здравје.. Резултатите на истражувањето покажуваат дека причината за лежи во несоодветни услови за управуавње со менструалната хигиена на училиште/работно место и високата цена на чинење на средства за управување со неа. Цената на хигиенските влошки почнува од 25 денари па до 170 денари.

Истражувањето покажува дека во Македонија само во едно приватно училиште, во Велес, има услови/тоалет за менструална хигиена, а во ниту едно училиште нема соодветни произовди како сапун, тоалетна хартија и вода, ниту пак соодветни места за управување со менструална хигиена,  ниту пак соодветни места за отстранување на отпадоци од тоа.

Според проф.др-Дејан Огњеновиќ, Владата треба со државни пари да обезбеди и менструални чашки, кои се практични и хигиенски  за репродуктивното здравје на женската популација.

Хигиената е многу битна кај жената особено за време на циклусот кога цевикалниот канал е отворен и бактериите се лесно достапни за влез и за понатаму да се шири воспалението на малата карлица. Нашата влада купуваше кондоми за хомосексулаците така да може да купат и менструални чашки особено за младите девојки истите да се поделат во училиштата за девојчињата подоцна да немаат проблем со забременувањето поради непазење на време.- вели проф.др-Дејан Огњеновиќ.

Во интервју за порталот сакамдакажам Наташа Доковска од Новинари за промена изјави дека зачудувачки е податокот што во Мкаедонија во 21век нема каде да се набават влошки за една употреба како и менструална чашка.

Во моментов, нашите сограѓанки менструалната чашка може да ја порачаат само онлајн од единствената компанија која ги нуди, додека во соседна Бугарија во аптеките има избор на 35-50 видови менструални чашки, чија цена се движи од 300-1.500 денари. Времетраењето на една чашка е до 10 години, а загадувањето на животната средина од неа е сведено на нула- вели Доковска

Истражувањето е спроведено лани во месец април и мај, во Скопје Куманово и Велес, со околу 800 испитаници кои биле на возраст од 14 до 45 години.

Јована Грчева