Традицијата продолжува-Ликовна колонија „Вевчански видувања“

Вевчанските извори 10-та година по ред, жуборат за еминентните уметници од Балканот и Европа кои учествуваат на меѓународната ликовна колонија “ Вевчански видувања“.

Овој споменик на природата, со богата културна ризница која ја негува традицијата, остава силен впечаток врз уметниците кои како што велат: не го доживуваат, туку го живеат овој живописен амбиент кој потоа го пренесуваат на платно. Ги инспирираат луѓето, добрината,срдечноста која им извира од очите,нивната убавина.

По трет пат сум во Вевчани,природата и целокупниот амбиент тука е прекасен.Шумот на водата ме вознесува.Со колегите твориме и се дружиме, нас не не’ интересира политиката, изјави Петар Бељашки -ликовен уметник од Бугарија.

Овде се раѓа водата,овде е звукот на водата како инспирација за моите слики.Прекрасни место,прерасни луѓе,прекрасни колеги, се’ е убаво изјави Ефтим Ристов -ликовен уметник од Грција

Вевчанската колонија во што е убавината,не е убавината во природата, природа има и на друго место.Не е убавината во ниваната чесност, гостољубивост туку во нивната гордост, изјави, Петар Попчев-ликовен уметник од Македонија.

Годинава на меѓународната колонија кој на трае две недели,покрај домашни има уметници од Србија,Русија,Хрватска,Бугарија,Франција,Грција и Полска-35 на број. Вевчани,а од тука и нашата држава се повеќе прераснува во културен центар прифатен од домашните и странски уметници.
Врвните уметнички дела кои се раѓаат овде и годинава ќе бидат претставени на изложби надвор од границите на нашата држава.

Па да ви кажам доста се посетени,луѓето се секогаш заинтересирани за Македонија и за Блаканот,истражуваат во однос на овој дел од Европа за културата и традицијата изјава Ефимија Угриноска-организатор.

Во знакот на децениското постоење на Колонијата,беа доделени одличија „Плакета порта“ на истакнати уметнички имиња.Да живееме најубаво кога е најтешко,затоа треба да твориме, да се дружиме, да не се отуѓуваме. Убавината ќе го спаси светот-велат уметниците,учесници на јубилејната ликовна колонија .

Росица Голабоска