37 годишен гевгеличанец загина во сообраќајка на патот Штип – Миладиновци

Тешка сообраќајна несреќа кај штипската населба Три Чешми. Во директен судир помеѓу камион со косовски регистарски таблички и голф 4-ка загина 36годишен гевгеличанец. Возачот на автомобилот на лице место им подлегнал на повредите, а 26 годишниот маж од скопското село Блаце кој го управувал камионот се здобил со полесни повреди.
„На местото на несреќата починал возачот на авотомобилот, а смрт констатирал лекар. Додека возачот на товарното возило се здобил со телесни повреди констатирани во КБ-Штип. Увд на местотот на настанот изврши увидна екипа на СВР-Штип и јавен обвинител„изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип.
Според неофицијални информации, гевгеличанецот половина час пред несреќата кај Велес бил запрен од полициските службеници и казнет за брзо возење. Ваквата информација не ја потврдија од СВР-Велес, со образложение дека станува збор за лични податоци. Додека траеше увидот неколку часа автопатот Штип-Миладиновци беше затворен за сообраќај. Од почетокот на годината до сега на патиштата околу Штип во сообраќајни несреќи загинаа три лица.
Александра Ристовска