Извештај на ОН: Македoнскиот воздух пет пати позагаден од европскиот, власите без конкретни мерки

Граѓаните на Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија се изложени на една од најголемите концентрации на загаден воздух во Европа, што е за пет пати поголема од националните и европските упатства на ЕУ, се вели во извештајoт  на Програмата за заштита на животната средина на организацијата на обединетите нации.
Загадувањето на воздухот е причина за едно од пет предвремени умирања во 19 града во Западен Балкан, меѓу кои се опфатени Скопје, Тетово, Битола и Велес, покажува извештајот „Загаденоста на воздухот и здравјето на луѓето: случајот Западен Балкан“

„Населението е изложено на некои од највисоките концентрации на загадување на воздухот во Европа, кои се пет пати повисоки од препорачаните национални и европски нивоа

“Загадувањето на воздухот во градовите од Западен Балкан предизвикува помеѓу 15 и 19 отсто од вкупната смртност и го намалува очекуваниот животен век за 1,1 до 1,3 година“  – стои во извештајот.

Алармантно високо ниво на загадување на воздухот го намалува очекуваниот животен век затоа што, како што велат, неразвиениот и политички кревок регион во голема мера се потпира на согорувањето на јагленот за производство на енергија.

Додека светот зборува за загаденоста во државата, надлежните велат дека се уште преговараат за мерките кои ќе бидат преземени од октомври.

Колку надлежните водат грижа за загадувањето, покажува примерот со мерните станици за квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина кои не се во функција. Станува збор за станиците во Карпош, Гази баба и Лисиче кои уште пред седум месеци се најави дека ќе се пуштат во употреба. Во меѓувреме се исушија и еколошките билборди кои на Скопје и Тетово им ги донираа Германската амбасада и Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“. Одржување на трите билборди беше обврска на надлежните. Само за илустрација, еден еко билборд, заменува дури 275 дрвја.

Јована Грчева