36 пратеници во последните 6 месеци воопшто не земале збор во Собранието

Повеќе од една четвртина од пратениците во Собранието, односно 36 народни избраници воопшто не земале збор од собраниската говорница, т.е. немале ниту една реплика, контра реплика или процедурална забелешка.

Најактивни во законодавниот дом биле Илија Димовски, Никола Мицевски, Снежана Калевска Ванчева, Фросина Ременски….

Според извештајот на Мој пратеник за првата половина од 2019тата година бројот на пратенички прашања е низок, односно најмногу пратенички прашања поставиле Ане Лашкоска со 9, а веднаш по неа е Антонио Милошовски и Слаѓана Митовска со по 8 прашања..поголемиот дел од народните избраници воопшто и не поставувале прашања.

Најмногу оправдани отсуства има Мендух Тачи кој оправдано отсуствувал 39 пати, по него е Васил Пишев со 36 отсуства.

Собранието не може да се пофали ни со голем број на поднесени предлог закони или пак амандамани, најактивни на ова поле се Артан Груби со 13 предлог закони , односно Невенка Стаменковска со 136 амандмани.

На пленарните седници најмалку присуства имаат Ѓоко Камчев, Али Ахмети и Мендух Тачи , а најмногу присуствувале Талат Џафери, Лидија Тасевска, Татјана Прентовиќ.
Во изминатите шест месеци се донесени 125 закони од кои 51 од економска област, 53 од политички систем и 21 за јавни дејности, а вкупно се оджани 28 седници.

Мери Ѓорѓиевска