36 годишната жена од Кратово утре влегува во суд за убиството на сопругот и свекорот

36 годишната жена од Кратово утре влегува во суд за убиството на сопругот и свекорот

Утре во Основниот суд во Куманово, почнува судењето  на 36 годишната жена, која во јуни во семејниот дом во Кратово, ги уби мажот и свекорот. Во судската постапка одбраната, треба да докаже дека таа,  била жртва на семејно насилство, години наназад трпела физичка и психичка тортура и  убиството го сторила за да се одбрани.

„Тие докази ќе ги приложиме, поткрепени како со матрејални така и со вербални докази. Имаме сведоци, стручни лица од областа на психијатријата. Имаме целосна доверба во судскиот систем. Знаеме дека ни следува долга и тешка битка, но се надеваме на успех и конечно да успееме ја споиме со своите дечиња, со кои е одделена поголем временски период„ изјави адвокатот на обвинетата Христијан Георгиевски.

 Нејзиниот адвокат, е убеден дека ќе ја докажат тезата дека обвинетата делувала во нужна одбрана, иако во текот на истрагата не успеаја да издејствуват  промена во правната кфаливикација и наместо убиство, да биде акт на самоодбрана.

„За жал Обвинителството, остана на својот првичен став. И покрај многуте докази коишто ние ги приложивме во текот на истрагата и активно дадовме конструктивен придонес во докажување на фактичката состојба. Смета дека надлежниот Суд ќе поклони верба на нашите докази и ќе ја побие тезата на Обвинителството, во поглед на правната квалификација за убиство со умисла„ изјави адвокатот Христијан Георгиевски.  

36 годишната жена и нејзиниот сопруг, 13години биле во брак и имат две малолетни деца. Несогласувањата започнале пред пет години, жената често пати била приморана да го напушта семјниот дом, за да се заштити од малтретирањето, а сопругот добил и судска забрана да и се доближува во период од една година. Кобната вечер на 13 јуни во семејниот дом жената, за да се спаси од сопругот кој ја тепал и давел, со кујнски нож прво го прободела него, а потоа и свекорот.

Александра Ристевска
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста