});

Штипските стечајци гневни – газдите им ги фалсификувале потписите

Расте незадоволството кај штипските стечајци. Лути и гневни на власта откако пред неколку месеци добија негативни решенија. Помалку од 180 стечајци од Штип се одбиени од стечаен надоместок со образложение дека самоволно напуштиле работа. Тие пак го тврдат спротивност работеле кај некоректни газди кои им го фалсификувале потписот. Од владата барат да си ги исполни ветувањата кои им ги даде пред изборите.

Трошка надеж за стечајците се измените и амандманите во Законот за стечаен надоместок кои треба да се донесат. Но дали конечно ќе се реши нивниот егзистенционален статус ќе се знае до крајот на август.

До сега во Штип се поделени помалку од 180 негативни и 270 позитивни решенија.

Александра Ристевска