35.000 Странски туристи годишно: Светскиот туристички гигант„ЕР-ЕС-ДЕ“ влегува на македонскиот пазар

35.000 Странски туристи годишно: Светскиот туристички гигант„ЕР-ЕС-ДЕ“ влегува на македонскиот пазар

Балканска тура на која ќе одат Французи, Германци и Англичани се очекува да трошат од 30 до 50 милиони евра во Скопје и Охрид, со што за 10 до 15% ќе се зголеми сегашниот број на туристите во нашата земја.

Премиерот Христијан Мицкоски најави 35 илјади туристи кои од февруари следната година ќе одат на балканска тура која започнува во Скопје, Црна Гора, Албанија, Охрид и завршува со две ноќевање во главниот град, според аранжманот што го предвидува германската туристичка комппанија РСД со која Владата постигна договор.

„Тоа би значело дополнителни 30 милиони евра директни трошења од овие гости и заедно со превозот и сместувањето може да се дојде до бројка од 50 милиони евра  Тоа ќе биде во рамки на балканска тура, а Охрид и Скопје ќе сепосетуваат со вкупно четири ноќевања. Ние треба да подржиме сместувачки капацитети кои ќе бидат атрактивни за овие гости и тие да се удвојат“, додаде Мицкоски.

Според договорот на Владата, по еден авион дневно ќе долетува со туристи од овие европски и други западни земји со што се очекува во државава дневно да  доаѓаат по 190 нови посетители.

Според најавите на премиерот, германската компанија има намера да развива културен туризам, а Македонија да ги покаже културни капацитети во Охрид и Скопје.

Како што беше соопштено на владината прес конференција, самата агенција има повеќе од една милијарда евра годишен обрт и покрај туризмот, се занимава со маркетинг, енергетиката, комуникации и хотелиерството.

Премиерот е оптимист и порача дека Македонија треба да понуди сместувачки капацитети кои ќе бидат атрактивни за овие гости за во иднина да се дуплираат посетите и да придонесат за развојот на туризмот и воeдно на економијата во државата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста