34-годишна родилка од Делчево ја загуби битката со Ковид-19

Две родилки починаа од компликации предизвикани од коронавирусот. И двете биле второротки. Едната имала 34, а другата 32 години. Едното бебе е во критичн состојба, а другото е добро и е пуштено дома. 34годишната жена од Делчево, претходно две недели била во кома и за живот се борела во Скопје. На ГАК во одделот за ковид пациенти била хоспитализирана дест дена пред терминот. Здравствената состојба претходно и била добра. Во Скопје била испратена со добра сатурација. Но што се случило понатаму од ЗДравствениот дом од Делчево немаа други информации освен тоа дека две недели била во кома. Денес блиските и пријателите на социјалните мрежи се опростуваа од младата жена. Ја опишуваат како  добра мајка и позитивна личност кон која  животот бил немилосрден. На 14години на нејзиниот роденден ги изгубила таткото и вујкото.  

    „Болницата 8септември доби кревет слободен, но две деца изгубија мајка Жално!„

    „ За некого статистика, за некого трагедија„

   „Беше добра мајка..Роди здраво бебе, но ја изгуби битката „ се дел од коментарите со кои нејзините сограѓани денес се збогуваа на социјалните мрежи..

 Црната статистика бележи пораст. Двајца починати има и во штипската болница. Притисокот врз болниците во регионот расте. Слободни места во Ковид центарот во Штип повече нема. Целосно се исполнети  оделите за Кардиологија, Анестезиологија и Кожно . утре  во функција ќе се стави и модуларната болница, каде што ќе се добијат дополнителни 47 кревети, вели за Алфа директорот на болницата Ален Ѓеоргијев. Идентична е состојбата и во кочанската болница каде што освен од регионот, пациенти  се хоспитализираат од Гевгелија и Валандаво. . И таму се бара кревет повеќе. Состојбата дополнително се отежнува со тоа што ова болница нема инфектолог, па лекарите се принудени секојдневно да бидат во телефонска комуникација со колегите од Штип. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста