34 годишен скопјанец малтретирал и тепал со тупаници едногодишно дете

Според Обвинителството, осомничениот го сторил делото на 23-ти декември, околу 12 часот, кога неговата вонбрачна партнерка му го оставила нејзиното едногодишно дете за да го однесе кај претходно ангажирана дадилка.

Осомничениот, кој инаку бил очув на детето, додека бил сам со детето во домот и додека го превезувал во возило, го малтретирал удирајќи му тупаници во пределот на главата и лицето, при што му нанел телесни повреди.

Поради постоење на околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, ќе влијае на сведоци и дека ќе го повтори делото.

Надлежен Јавен обвинител од основното Јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка при основниот Кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста