34 години ВМРО-ДПМНЕ, 131 година ВМРО: „Завет, слобода, иднина, продолжуваме“

34 години ВМРО-ДПМНЕ, 131 година ВМРО: „Завет, слобода, иднина, продолжуваме“

Немаме ниту 100 минути, а камо ли 100 дена грејс период – засукајте ги ракавите и почнете со работа веднаш им порача мандатарот Христијан Мицкоски на идните министри во владиниот кабинет кој тој ќе го предводи. Само со напорна работа од првиот ден ќе ја оправдаме довербата која и ја дадоа граѓаните на ВМРО-ДПМНЕ дециден е Мицкоски.

Според него, идната власт нема да подлегнува на темите кои ги разединуваат и оддалечуваат Македонците, и Албанците, и Турците, и Ромите, и Србите, и и Власите, и Бошњаците и сите останати бидејќи сите делат исти маки и проблеми. Истовремено, ќе има одговорност за сите функционери кои нема да го почитуваат законот, вели Мицкоски а како премиер ветува дека ќе биде еднаков за сите.  

  • Сакам да кажам дека ние не даваме, ниту земаме, затоа што Македонија е заедничка држава и се додека албанските и другите коалициони партнери работат по закон и во интерес на државата ќе бидеме еднакви партнери во Владата. Ако било кој застрани со криминални или други агенди ќе биде веднаш санкциониран кој и да е, вклучително и од нашата партија и ќе биде повикан на одговорност. И нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ да стане тоа што беше и е СДСМ, ниту па ќе дозволам Вреди да стане тоа што беше ДУИ. Ќе има работа, но и одговорност. И тука никој не треба да има дилеми“ порача е Мицкоски.

Мандатарот им подаде рака на Социјал-демократите за национално единство за сите важни државни прашања. Но, тоа нема да значи да нема да биде амнестирање од одговорноста за сторените криминали, вели Мицкоски.  

  • „Им подавам рака за македонско национално единство за сите важни прашања за државата. Посакувам да ги надминат огромните проблеми и да седнеме на маса да разговараме за иднината на нашата татковина. Секако ова никако не треба да го сфатат како амнестирање од одговорноста за криминалите, но значи дека во нив ќе гледам партнер со кого имаме одговорност поради сегашните и идните генерации да работиме на создавање на единствени државни позиции кога станува збор за суштинските прашања од важност за Македонија“, дециден е Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ создава влада која е на народот, Македонија ја враќаме во рацете на граѓаните, а партијата е силна, обединета и она што отсекогаш била, партија на народот, порача Мицкоски од одбележувањето на 34 партиски роденден.

https://youtu.be/w-dSR-6uQ2c
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )