34 годишниот Али Бектеши е полицаецот кој утрината беше прегазен од воз во Маџари

Едно лице загина рано изутринава на железничкиот премин кај скопската наслеба Маџари кога товарен воз, кој се движел од граничниот премин Табановце кон Скопје, удрил во возилото со кое загинатиот поминувал преку пругите.

Од МВР откриваат дека на самото место животот го загубил 34 годишен полициски службеник со иницијали А.Б. од станицата во Гази Баба, кој управувал со службено возило „фолксваген венто“.

Во тек е увид од страна на Јавен обвинител од ОЈО Скопје, а причините и околностите под кои се случила несреќата допрва ќе се утврдуваат.