33 смртни случаи и неброени повреди и болести на работните места лани

33 смртни случаи и неброени повреди и болести стекнати на работните места во 2018-та. Од Здружението за заштита при работа велат дека во некои случаи газдите не обезбедуваат солидни услови за работа, во други, пак, самите работници не ја користат потребната заштитна опрема. Велат дека ретко се пријавуваат случаите како смрт или повреда на работното место, па работниците и нивните семејства не можат да ги остварат своите права.

Државата нема официјални податоци за смртните и случаите на повреда на работните места – велат од Здружението. Сметаат дека не можат ниту да се избројат починатите и болните како последица од долга изложеност на стрес и мобинг на работа. Најголем број на смртни случаи на работното место има во земјоделството, градежиштвото и транспортот.

Конфедерацијата на слободни синдикати врши континуирани обуки за работниците за заштита на нивните права, но и обврски кои треба да ги почитуваат за да бидат побезбедни на работните места. Обуките се дел од проектот на КСС „Безбеден работник е почитуван работник“.

Тања Попова