32 годишен маж тврди дека преку ноќ поради социјалните медиуми животот му се претворил во пекол

На 32годишен маж животот му се претворил во пекол откако станал жртва на фатална привлечност. Маријанчо Миленовски од Облешево, е приморан да живее со срамот што му го нанела како што тврди неговата бивша девојка. Наводно поради невозвратена љубов да му се одмази, на социјалните мрежи од лажни профили  со уште неколкумина, почнале да  споделуваат лични податоци од неговиот пасош, но и семејни фотографии  со мајка му. Миленовски тврди дека јавно бил етикетиран како педофил и макро, па поради тоа останал и без работа.

„Психики многу тешко. Мајка ми е растревожена, болна. Јас паднав психички. Бев и на лекар, имам уверение .Ги имат сите докази од МВР и никој ништо не презема. Ми испракаат понуди за пријатели од разни профили.Ми се закануват дека ќе ме убијат  затоа што сум педофил и силувач. Објавиле број од мојата мајка дека е проститутка „-изјави Маријанчо Миленовски

Откако видел дека ситуацијата бега од контрола,решил да побара помош од полицијата. Миленовски бара службите да бидат експедитивни исто како и пред две години кога за кратко време го открија лицето кое на фејсбук му се закануваш на премиерот..

„Јас отидов четири пати да пријавам за случајот, инспекторката само ми грчи рамењаи вели не знам што да направам. Ако таа не знае, ние уште помалку. Овааа држава работи само за власта , а не за обичните луге. Кога се работи за премиер, полицијата работи, а вака за обичниот народ не„-изјави Миленовски

Од полицијата потврдуваат дека случајот е пријавен во полиција и за настанот е запознат и Јавен обвинител. По целосно комплетирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против едно лице. Алфа стапи во контакт и со жената за која Миленовски вели дека му го загорчила животот. Таа тврди дека не споделувала негови лицни информации, туку дека тоа го правеле други луѓе   Во изминатиот период се докажа дека социјалните мрежи за неполни 24 часа  можат животот да го претворат во вистински пекол. Таков е случајот и со жртвите од групата „Јавна соба„.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста