Приведен заканувачот Емил Јакимовски

Приведен Емил Јакимовски, човекот кој им се закануваше на Искра Коровешовска, уредник на Алфа ТВ и новинарката Мери Јордановска кои јавно обелоденија за закани и навреди кон нив, упатени од ова лице.

Засега од МВР само потврдија дека Јакимовски е во полициска станица, но не кажаа дали го уапсиле по пријавите на новинарките, на градоначалникот на Кавадарци или бројните пријави за семејно насилство.

Лицето е приведено во полициска станица, а на случајот МВР работи координирано со Јавното обвинителство – потврдија од МВР за Алфа.

Од Обвинителството пак велат оти има наредба за обезбедување на докази од телефонските комуникации. Па, ќе се „чешла“ и содржината на телефонските апарати.

Пред неколку дена Јакимовски беше задржан во полициска станица поради закани и вербални малтретирања на новинарките Коровешовска и Јордановска, кои јавно проговорија за малтретирањето. Откако беше пуштен од полициска станица, односно, по распитот, тој продолжи со навредите и заканите, како преку социјалните мрежи, така и лично, преку телефон.

Освен кон новинарките, претходно тој претходно му се заканувал и на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, а и директорката на Централен регистар, обвини за несоодветно однесување кон неа.

Јакимовски до неодамна работеше во Централниот регистар, а најавата за отказ од страна на неговата претпоставена Марија Бошковска Јанковски, уследи по дисциплинска постапка против него, а и откако на фан страницата на централниот регистар на „Фејсбук“, осамнаа статуси оти директорката местела тендери. Бошковска Јанковски најави и тужба против него.

Сања Трајковска Ставров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста