31 години македонски денар

Со кампања под мотото „Денарот го славиме!“, Народна банка одбележува 31 година од монетарната самостојност, односно воведувањето на денарот како национална валута и осамостојувањето на централната банка.
– Прогласувањето на монетарната самостојност на 26 април е значаен настан за нашата држава, а воедно и значаен чекор во заокружувањето на нејзината независност. Низ годините народната банка се градеше и се воспостави како современа, кредибилна и меѓународно призната, независна централна банка, но и како институција којашто ја поттикнува научната мисла и работа, постојаната едукација и финансиска писменост. Оттаму, во рамките на неделата на чествување ќе биде доделена и годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, соопшти народната банка.

Advertisements