Оставка од министерката за култура побараа актерите од Струмичкиот театар

Оставка од министерката Ирена Стефоска, на Светскиот ден на театарот побараа актерите од Струмички тетар. Гневни и револтирани се бидејќи и по два месеци од актуализирањето на нивниот проблем, нема решение. Велат, наместо денес  публиката  да биде во салоните нивниот театар е под клуч. Со назначувањето на несоодветен кадар, односно со НУЦК„ Антон Панов„ да раководи професор по физичко  министерката  водена од своите политичко-партиски цели ја жртвува културата.

    „Наместо  ослободување на институциите во културата од политичко влијание, министерката спроведе најгрубо  политичко-партиска окупација на институциите од културата. Таа не смееше да изира и да поставува партиски директори на институциите од културата , па бил тоа и самиот Премиер. Министерката се стави во одбрана на партизацијата и корупцијата и не ги почитува ниту стратешките принципи на министерството, ниту професионалните, ниту етичките начела. Затоа бараме итна и неотповиклива оставка на функцијата!„ изјави Ванчо Василев, актер во Струмички театар .

Од Иницијативата „Култура или фискултура„ со која бараат департизација во уметноста објаснуваат дека нивниот проблем не е локален, туку системскии, а тоа се докажа откако на раководната позиција на Домот на културата во  Тетово исто така е поставен спортски работник.

Струмичките актери поднесоа тужба до Управниот суд, а се уште чекаат одговор на преставката која ја имат поднесено до Комисијата за спречување на корупција. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста