300.000 евра по преговарач, 20.000 месечно за главен инженер – вртоглави суми за надзорот над „Бехтел и Енка“

„Електра солушнс“, фирмата која продавала долна облека, никогаш немала искуство во надзор, а лиценцата ја вадела набрзина за да учествува на тендерот, сега ќе добие најголем дел од 22 милионскиот колач за надзор на изградбата на новите автопати од страна на „Бехтел и Енка„. Според контроверзниот договорот за надзор, петтмината експерти за надзор ќе добијат паушали од по 300 илјади, а надзорните инжењери дури по 20 илјади евра месечен хонорар.

 Милионите кои на јавноста и се презентриаат дека ќе се трошат на меѓународни експерти, всушност се за домашни кадри кои се поврзани со спорните фирми од ИРД . Од 81 експерт вклучени во надзорот само петмина се странци и тоа четворица од соседството , објавува порталот  360

Овој таканаречен странски експертски тим кој ќе се офајди со по 300 илјади евра паушал по човек, во најголем дел го сочинуваат членовите на оној тим што преговара за цената на градбата. Тројца од четворица експерти се ангажирани во „Електра солушнс“, а еден експерт во ИРД Инженеринг.

Оваа фирма , не само што нема искуство, во моментот кога го добива тендерот нема ни лиценца за работа, но тоа не е проблем според договорот да добие 8,3 милион евра од вкупниот колач. Додека пак, „Евро консалтинг„ фирмата каде е замешан Бранислав Димитриевиќ, баран со меѓународна потерница во Ерменија ќе добие 7,1 милиони евра, додека шпанско – кинеската Eптиса ќе добие 400.000 евра.

ЕЛЕКТРА Солушнс                                            8,3 МИЛИОНИ ЕВРА

Евро Консалтинг                                                 7,1 МИЛИОНИ ЕВРА

ИРД Италија                                                        4,1 МИЛИОНИ ЕВРА

ИРД Скопје                                                          2,4 МИЛИОНИ ЕВРА                              

ЕПТИСА                                                               400.000 евра

Сомнежите не застануваат тука. Порталот открива дека во исти двор со фирмите кои го добија тендерот некаде во велешко се регистрирани и другите фирми кои предходно беа одбиени заради тоа што имаа финансиски врски со Русија.

И покрај бројните скандали, низата неодговорени прашања , нерасчистени случаи на сопственици на лица барани со потерница , надлежните се постојано со една иста реторика : Се е по закон

„Имавме транспарентна постапка за избор на консултант за надзор, беше почитуван до крај законот за јавни набавки. Потоа го потпишавме и договорот со Бехтел и Енка, тоа е за нас историски договор. Изградбата треба да заврши за 4 години и 7 месеци“, рече директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.

Изградбата ќе почне во април , а месецов „ Бехтел и Енка“ ќе ги добијат првите пари на аванса исплата преку државниот Буџет. Инаку, краен проект сеуште нема па изградбата тешка 1.3 милијарди евра најверојатно ќе чини ,многу повеќе .

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста