30 дневен притвор за Бојан Јовановски и Зоран Милевски

Судија на претходна постапка одреди 30 дневен притвор за Бојан Јовановски и за Зоран Милевски.

Притворот за осомничените бил доделен по трите основи: опасност од бество, влијание врз сведоци и постапка и повторување на делото, изјави обвинителката Вилма Рускоска по распитот во Кривичниот суд.

-Вршени се претреси кај првоосомничениот дома и кај неговите родители,а кај второосомничениот дома. И од јавниот обвинител е одземен телефон, за да се види комуникацијата со првоосомничениот. А извршен е и претрес во канцеларија која што ја користел првоосомничениот. Обележани пари нема, имаме снимки од разговори и видео снимки, рече Рускоска.

Таа, како што рече, се надева дека истрагата ќе биде проширена но не откри  детали.

Обвинителството ги сомничи Јованоски и Милевски за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, односно дека зеле 1,5 милиони евра како награда за да влијаат врз јавен обвинител за да запре истрага против едно лице. А првоосомничениот Обвинителството го сомничи и за  „перење пари и други приноси од казниво дело“.