3.000 евра неповратни за земјоделски стопанства чиј носител e жена

Помош за жените земјоделки од руралните средини. Денеска им се доделија првите 11 грантови за зајакнување и унапредување на нивната положба во државава. тие ќе добијат по 3 илјади евра со кои ќе можат да набават опрема за потребите на нивното производство. инаку ова е прва неповратна помош за земјоделките. Тие бараат мерката да продолжи, а сумите за поддршка да се зголемат.

  • Со мерката 115 наменета за активен женски член во семејно земјоделско стопансво сметаме дека ќе има позитивен ефект за јакнење на руралната жена посебно во нејзиното подовбрување на нејзиниот економски и социјален статус. Од друга страна пак, оваа мерката ќе им овозможи на жените во руралните средини развој на нивните претприемачки вештини во производството и продажбата на преработки од примарни земјоделски култури, како што се сирење, мед, ајвар, мармалад, компоти и слично. Би сакала да истакнам дека на многу транспаретен и соодветен начин е направено креирањето на новите критериуми на мерката 115, вели претседателката на Федерацијата на фармери на Македонија, Васка Мојсовска.