297 кандидати за 80 градоначалнички фотељи

297 кандидати за градоначалници ќе трчаат да седнат на чело на 80 општини ширум Македонија, највеќе пријавени има за главниот град. Дури 12 кандидати ќе учествуваат во трката за градоначалничката фотеља на метрополата, економисти,адвокати, музичари, еко-активисти на кусо ова е дел од избор кој ќе го имаат скопјани на 17 октомври.

Петре Шилегов од СДСМ повторно е кандидиран, Данела Арсовска како независен кандидат поддржана од ВМРО-ДПМНЕ засега е една од двете жени кои ќе трчаат да седнат на чело на Скопје, другата дама е Ана Петровска како независна од „Зелен град, за функцијата градоначалник пријавени се и Бени Шаќири како кандидат на коалицијата ЛДП-ДОМ,  Петар Георгиевски– Камиказа како кандидат на Левица, адвокатот Тортевски од Твоја партија  и уште 6 други имиња од Бошњачки демократски сојуз, ТМОРО, Демократи, работници и независни, Интегра, Родина Македонија и Титови сили.

За Град Скопје поднесени се 15 листи за советници, за општина Аеродром девет,  Арачиново четири, Бутел 13, Гази Баба девет, Ѓорче Петров осум, Зелениково осум,  Илинден четири, Карпош 10, Кисела Вода девет, Петровец пет, Сарај шест, Студеничани 10, Центар девет, Чаир девет, Чучер Сандево осум и Шуто Оризари девет листи за советници.

Независните кандидати за градоначалници, како и предлозите од помалите партии даваат поголем избор на граѓаните за кого тие ќе го дадат својот глас, така на пример во дел од општинтие има и по 6 до 7 поднесени кандидатури како во Центар, Карпош, Кисела вода, Ѓорче Петров, Битола,Тетово,Струга

Но има и општини дури 25 каде изборот ќе биде сведен на само две имиња, а тоа се Босилово, Валандово, Пробиштип, Пласница, Центар Жупа, Бутел…

Од списокот објавен од државната изборна комисија може да се забележи дека во поголемиот дел од општините владината коалиција ќе настапува со одвоени кандидати, но се поверојатно е дека ќе си ја дадат поддршката во вториот круг на изборите.

Локалните избори ќе се оддржат на 17 октомври годинава, е еден месец претходно ДИК треба да ги потврди кандидатитите и да се влече ждрепка за кој под кој реден број ќе настапува.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста