Атина го сака „Воинот на коњ“ – дали ќе има размена на споменици?

Сами си знаеме кои споменици не се наши. Комисија и мислење од грчка страна не се потребни бидејќи се е јасно пропишано и напишано во Преспанскиот Договор, велат за Алфа од Владата. Се што се однесува на античкиот период е грчко, нема македонско. Секој паметник ќе добие и плакета, која ќе го потврди ова.

Според договореното, ние треба да го отстраниме и сонцето од Вергина од сите јавни обележја.

-Ќе се пристапи кон отстранување на симболот истакнат на поранешното државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба, стои во договорот.

Археолошките артефакти, за среќа, не спаѓаат во опфатот на оваа одредба.

Но, нема да има промена на името на Плоштадот во центарот на метрополата, кој ќе остане „Македонија“, велат од Владата.

Во меѓувреме, додека ние утврдуваме какви споменици имаме, Грците со идеја да го присвојат споменикот од плоштадот „Македонија“, „Воин на коњ“ кој го претставува Александар Македонски. Сакаат трампа, да го земат нашиот, а да ни го дадат атинскиот стаклен „Тркач“. Идејата, тврди авторот на „Тркачот“ Костас Вароцос, била на грчката министерка за култура.

-Госпоѓа Зорба во разговорот ја спомена идејата „Тркачот“ да се пренесе во Скопје. Ѝ одговорив дека „Тркачот“ не може да замине од Атина од многу причини. Освен тоа што скулптурата ѝ припаѓа на општина Атина јас ги имам авторските права. И не е само оваа причина, вели Вароцос.
Зорба пак, тврди дека уметникот лаже.

-Во рамките на една општа дискусија со истакнати грчки уметници, меѓу нив и господинот Вароцос беа разговарани и коментирани многу работи, но не и таков предлог. Имам други приоритети, изјави министерката Мирсини Зорба

Можност за размена на споменици постои, но според грчката министерка, тоа не било под нејзина надлежност. Од нашата Влада пак, ваква иницијатива немало.

Сања Трајковска Ставров