283 санкционирани возачи во Скопје, од кои 104 за пречекорување на дозволената брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 283 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 104 прекршоци, 16 технички неисправни и нерегистрирани возила, 6 мотоцикли, 66 мерки за непрописно паркирање, 55 возила подигнати со пајак, а изречени се 40 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста