28-годишна девојка загина во земјотресот во Босна и Херцеговица

Една жртва зеде синоќешниот земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Босна и Херцеговина. Првиот потрес беше регистриран 7 минути по 23 часот со епицентар во близина на градот Столац, а по него следуваа над 30-тина послаби земјотреси.

Столац е најтешко погодениот град.. оттаму е единствената жртва во земјотресот, 28-годишна девојка, која загинала кога врз семејната куќа паднала карпа која се одвоила од блиската планинска падина.

Полесно повредени се најмалку уште десетина лица. Има оштетувања на куќи и згради особено во Херцеговина каде беше регистриран најсилниот удар. На повеќе патишта во близина на Столац има одрони и издадено е предупредување за внимателност на возачите.

По првиот потрес, локалните жители , во паника излегоа на улиците и ноќта ја поминаа надвор од своите домови. 

ЖИТЕЛ НА СТОЛАЦ: Бев легната, кога почна да тресе, тоа беше катастрофа. Внукот беше со мене, и синот, излетавме надвор.. Кај нас немаше никаква штета бидејќи е нова зградата, само малку испукаа ѕидовите.. Нервоза, еве сега сме во автомобилот.

САБИРА ХАРАЧИЌ- жител на Столац: Сташно беше. Како брдо да ти се сруши над куќата. Така, знаевме дека е камен сигурно. Осетивме како паѓаат камења , не го почувствувавме толку земјотресот колку што камењата.

АРМАН АЈАНИЌ- жител на Столац: Кога почнавме да викаме едни на други, тогаш слушнавме дека има многу материјална штета конкретно во нашето маало, и да паднала карпа на една куќа.

Од здравствениот дом во Столац  потврдија дека повеќе лица се примени со полесни повреди, е едно лице потешко повредено е префрлено во болницата во Мостар.

Вечерва имаме четири тима на итната медицинска помош, ако треба нешто дополнително. Она што го знаеме од терен е дека има помали одрони, некои помали оштетувања на фасади и во куќите- изјави синоќа КАЗИМИР РАГУЖ – директор на Здравствен дома Столац.

Штетите допрва ќе се утврдуваат, а синоќа во изјава за медиумите градоначалникот на Столац, Степјан Бошковиќ, повика на помош,  за оние на кои им е најпотребна.  Серијата земјотреси беа почувствувани во цела БиХ, но исто така и во Хрватска и нејзиното јужно приморје, во Црна Гора, во Србија, Албанија и Македонија. Во Скопје, Тетово и Гостивар потресот беше почуствуван со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста