272 санкционирани возачи во Скопје, од кои 89 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 272 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 9 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 89 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 8, 12 санкционирани мотоциклисти, 74 мерки за непрописно паркирање, 50 возила се подигнати со специјално возило„пајак“, а изречени се 46 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста