Содржината на нон пејперот кој Бучковски му го предаде на Борисов, остана на прераскажувањата на Заев

Заев не го дава на увид нон пејперот кој Бучковски му го предаде на Борисов.На медиумите и јавноста не им е овозможено детално да се запознаат со документот кој специјалниот владин претставник го достави до претседателот на бугарската влада. Прераскажувањата на македонскиот премиер на главните точки кои се однесуваат на спорните прашања со источниот сосед засега се единствените информации за дсокументот.

“Внатре содржи, што значи долгото што значикраткото име на државата. Дека краткото име Северна Македонија не предизвикува територијални претензии кон Бугарија и нема никакви аспирации за други територии надвор од територијата на политичкиот субјект Република Северна Македонија. Дополнително делегираме заштита на македонското небо на Бугарија. Третиот дел е дека немаме намера да се мешаме во внатрешните работи на Бугарија или на било која од земјите вклучително дури кога се работи за граѓани малцински права”, рече Заев.

Заев не одговори конкретно на прашањето на Алфа за обвинувањата на опозицијата дека врши притисок врз работата на членовите на комисијата за историја. И дека подготвува смена на дел од нив.

“Опозицијата е многу неразумна. Прво беше да не го предадеме идентитетот, јазикот и слично сега не го продадовме па зошто не сме се договориле со Бугарија. некои викаат треба да ја оставиме историјата на историчарите јас целосно се согласувам историјата на историчарите политиката на политичарите, но истовремено е важно што правиме со сегашноста, што правиме со иднината. Таа историја што денеска што ја пишуваме које за неа одговорен, а сега се политичарите”, рече Заев.

Претходно потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски се осврна на гласините дека Заев директно се меша во работата на историчарите. Според Николоски ако тие работат по негов терк ќе станат соучесници во распродавањето на националниот идентитет.

“Се шират гласини дека Зоран Заев веќе ги компромитирал поголемиот дел од нив и им спрема заменски решенија, со што ќе се доведе во позиција да можат да преговарат во полза на барањата на Зоран Заев, односно да потпишуваат работи кои нивните претходници не сакаат да ги потпишат”, рече Николоски.

Владата останува на тоа дека со Бугарија и натаму ќе се разговара за пречките за преговарачката рамка, но негираат дека преговараат за македонскиот народ и македонскиот јазик.

Градимир Марковски