26 јули,1963 – кобниот ден кога Скопје за само 17 секунди беше срамнет со земја

59 ГОДИНИ ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ
26 јули,1963 – кобниот ден кога Скопје за само 17 секунди беше срамнет со земја..
Главниот град го погоди разорен земјотрес од 6,1 степени според Рихтер.


Во 5 часот и 17 минути, скопјани ги разбуди силен татнеж, паника, вресоци и страв натежна над градот. Под урнатините животот го загубија 1.070 луѓе, а беа повредени над 4.000 граѓани. Над 200.000 луѓе останале без покрив над глава, урнати биле 15.800 живеалишта, а оштетени околу 28.000. Во деновите после земјотресот Скопје станал град без деца.. Вкупно 105.000 лица биле евакуирани, од кои околу 30 илјади деца.

Според кажувањата на старите скопјани, првата помош стигнала од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики. По неколку дена по катастрофата започнала да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет.

Ден по земјотресот тогашниот претседател на Социјалистичката Федеративна Република Југославија, Јосип Броз-Тито испратил телеграма до Скопје

Обединетите нации веднаш по катастрофата презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. Во времето кога екипи стручњаци на ОН почнаа да пристигнуваат во Скопје, во седиштето на меѓународната организација беше речено дека Скопје ќе биде споменик на човечката солидарност. Во својата долга историја, градот повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. Сега Скопје е повторно метропола, за ужасот од катастррафалниот зејотрес остана да сведочи единствено стариот часовник на некогашната железничка станица кој и ден денеска е застанат на 5 часот и 17 мин.

Бојана Златкова