26-ти април (Велики петок) неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 26-ти април Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед им го честита празникот.