Повеќето Европски земји воведуваат целосен „лок даун“ за престојните празници

Ударот на пандемијата во Германија ги загрижува тамошните власти, па одлучија целосна блокода од среда. Сите продавници во земјата ќе бидат затворени, освен продавниците за неопходните производи за живот (класични продавници за самопослужување), како и аптеките. Фризерски салони и други дејности кои наложуваат услуги со близок контакт ќе бидат затворени.

Училиштата и градинките, исто така, се затвораат. Наставата ќе се одржува преку интернет, а поддршка ќе добијат само оние родители кои на кој било начин не можат да се грижат за своите деца.

Со оглед на постојаното зголемување на бројот на инфицирани лица со коронавирусот, канцеларката Ангела Меркел изјави дека се принудени да дејствуваат и тоа веднаш.

Мерките ќе бидат привремено олеснети од 24 до 26 декември. Во овој период ќе биде дозволено едно домаќинство да се состане со дополнителни четири лица од потесната фамилија

И Литванија  ќе ги затвори повеќето продавници од среда со цел да се запре ширењето на епидемијата на коронавирус.  Бројките се застрашувачки и тажни, ризикот сега е насекаде,  посочува литванската премиерка. Делумен карантин со затворени барови и ресторани трае во таа земја веќе пет недели.  Балтичката земја со 2,8 милиони жители вечра регистрираше 2.849 нови случаи на инфекција, а од почетокот на епидемијата во Литванија починаа 815 лица

И во Шведска епидемиолошката слика е лоша. Голем пораст на бројот на заразени со коронавирус е регистриран и во Шведска, а поради недостаток на медицински капацитети, соседните земји Финска и Норвешка понудија помош.

Кај земјите од  регионот, во Хрватска, средните училишта и повисоките одделенија во основните училишта од денеска ќе ја следат наставата преку интернет.

Кај соседна Србија поради лошата епидемиолошка состојба со коронавирусот, ќе воведе ПЦР тестови на границите или карантин, а се размислува и за ограничување на движењето.

-Негативен т ПЦР тест не постар од 48 часа, а оние кои го немаат, ќе мораат во карантин 10 дена, тоа е минимумот и мора да се почитува. Имаше многу методи, но  најбезбедно е да се примени она што веќе се применува во Европа.Сигурно, ќе има зелени листи, кои ќе вклучуваат некои земји како што е Финска, која е најдобра, Естонија, изјави Тиодоровиќ за РТС.

Доколку состојбата со пандемијата не попушта, српскиот кризни штаб ќе мора да размисли за воведување на вонредна состојба и полициски час, за да ја постигне целта и подобро да влезе во престојните празници.

Светската здравствена организација предупредува дека, во една од четири здравствени установи во светот нема редовен пристап до чиста вода. Како резултат на тоа, околу 1,8 милијарди луѓе се изложени на зголемен ризик од зараза со ковид-19 и други инфекции.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста