Градовите бараат поригорозни мерки заради ковид хаосот, централата во Скопје не гледа причина

Црн ковид Ноември во Македонија. 737 луѓе од почетокот на месецот ја изгубиле битката со коронавирусот. Со вчерашните 32-ца починати Македонија ги надмина и САД на светската листа земји со најголема смртност од Ковид19 и во моментот е на деветото место во светот. На европско ниво, Македонија има неверојатни 831 починати на 1 милион жители за разлика од земјите од соседството:

  • Бугарија  541,
  • Албанија  277,
  • Грција  223,
  • Србија  178, починати на 1М жители.

И бројот на заразени никако не стивнува. По Скопје, најаларматно е во Битола.Според последната ковид статистика на МЗ, Битола имаше најголем број на ковид позитивни пацинети. Активни се вкупно 891 случаи. Лошата епидемиолошка крива го натера општинскиот кризен штаб да побара од Владата построги рестриктивни мерки. Барање за карантин имаа и Прилепчани.И покрај тоа што Градоначалникот на Прилеп кој што истовремено е и лекар минатата недела укажуваше дека ситуацијата е крајно драматична сепак министерот Филипче пресече – немало потреба од построги рестриктивни мерки.

Истото го повторија и денеска од Министерство за здравство за Алфа, велат досегашните мерки биле доволни, за дополнителни рестрикции за загрозените градови не се размислува. Инаку, пред девет месеци Дебар и Центар Жупа беа под целосен карантин а имаше само 20- мина заразени.

“За сите останати градови низ државата заклучокот на Комисијата за заразни болести е дека нема потреба од воведување на нови или дополнителни мерки. Рестриктивните мерки во Дебар беа на почетокот на панедимјата кога имавме локална и ограничена трансмисија на еден регион во државата и во тие услови тие мерки дадоа резултат. Сега имаме широко распространета трансмисија на целата територија.” – велат од МЗ, за Алфа.

Дека состојбата е излезена од контрола во Битола и се потребни поригорозни мерки алармира и епидемиологот д-р Тони Коњановски.Според него време е за похрбри чекори за да се спасат повеќе човеќки животи.Меѓудрогото предлага „викенд карантини” од петок во 17 часот до 05 часот наутро во понеделник во текот на целиот декември.

Прашањето кое останува, е – дали инсистирањето дека рестриктивните мерки даваат резултати, а бројките не одат во полза на ова тврдење на здравствените  власти, може да чинат уште поголем број на загубени човечки животи.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста