Уште едно бебе почина од морбили – трет смртен случај за три дена

За три дена – три жртви. Уште едно дете, на 13-месеци, по потекло од тетовско, почина на детската државна клиника. Тоа немало хронично заболување и не било вакцинирано. Со мали сипаници најверојатно се заразило на детската клиника каде пред три недели било на лекување. Претходно поради компликации од морбили почина дете од Свети Николе, а првата жртва беше шестмесечно бебе од кумановско.

На инфективната клиника во моментов има вкупно 26 пациенти, од кои 22 се деца, а најголем дел до нив се на едногодишна возраст. На Клиниката за детски болести, пак, петмесечно бебе со мали сипаници е во критична состојба.

Епидемилозите апелираат сите невакцинирани да се вакцинираат, оти друг начин на заштита од морбили нема.

Од почетокот на епидемијата до сега, регистрирани се 220 заболени, а вакцинирани се околу 9000 деца, или околу 50 проценти од невакцинираните.

Сања Трајковска Ставров