250.535 евра е точната сума која ја наплатиле шесте македонските историчари

250.535 евра е точната сума која ја наплатиле шесте македонските историчари од заедничката историската комисија со Бугарија. Од 2018-та година наваму, толку исплатило Министерството за надворешни работи на Драги Ѓоргиев, Петар Тодоров, Дарко Стојанов, Александар Литовски, Љубица Спасковска и Љупчо Ристески. Ова може да се види според информациите објавени на алатката Отворени финансии.

Најплодна година им била 2019-та. Тогаш членовите на комисијата во своите џебови ставиле 95.629 евра. Втора најуспешна година им 2021-та, тогаш добиле 61.761 евро. Во пандемиската 2019-та добиле нешто помалку од 36.000 евра. Најслаба им била 2018-та, кога се формираше комисијата. Тогаш добиле само 26.157 евра. Сумата пак која годинава ја добиле изнесува 29.548 евра. Но, последната исплата е во јули, па секако оваа сума до нова година ќе расте.

Од членовите најмногу се офајдил првиот човек Драги Ѓоргиев, добил речиси 86.000 евра, втора е Љубица Спасковска со 40.786. На високото трето место е антропологот Љупчо Ристески со 40.083 евра. Четврти е Петар Тодоров со 39.916, на петтото место е Александар Литовски со 22.614 евра. Најмалку пак се офајдил Дарко Стојанов, кој добил нешто повеќе од 21.000.

Испорачаниот резултат за овие пари е последниот објавен протокол од работата со бугарските колеги каде е договорено заедничко чествување на светите браќа Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и Цар Самоил. Така било одлучено, барем како што пишува во протоколот, бидејќи тие својата мисија ја остварувале во тогашна бугарска држава, а светската историја го познава Самоил како бугарски цар, на бугарско царство.

Исто така договорено е и менување на учебниците за петто одделение во Бугарија и шесто во Македонија, а при крај биле разговорите за седмо кај нас и шесто кај источниот сосед.

Матеја Петровски