25 години од атентатот врз Претседателот Киро Глигоров

Врз поранешниот Претседател Киро Глигоров пред точно 25 години беше извршен атентат, а оттогаш до сега нема никаков напредок во истрагата и покрај бројните ветувања дека тој случај ќе се реши.

На 3 октомври 1995 година врз Претседателот Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата.

На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Исто така, на повредите подоцна им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер, кој бил случаен минувач.

Нападот е извршен со автомобил-бомба на 3 октомври во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол” во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движел од неговата резиденција до работното место во Собранието. Бомбата, поставена во автомобил АМИ 8, експлодирала кога автомобилот на претседателот поминувал покрај него.

Експлозивната направа е производство на ЈНА, а содржела еден килограм пластичен експлозив, со стотици челични топчиња кои имале смртоносно дејство во радиус од околу 50 метри.

Првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1- ви јануари 2012 година.

За обидот за атентат врз него, Глигоров напиша и автобиографска книга „Атентат – ден потоа“, што ја промовираше во 2002 година.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста