Прва жртва од циклонот кој направи хаос во Германија: 25 годишно момче почина од удар од гром

Гром уби 25 годишно момче од тетовско ,трагедијата се случува ден по немилиот настан на плажа во Охрид каде 13 лица беа повредени од удар на гром, а 5-мина завршија во болница, за среќа со лесни телесни повреди.

Громот е непредвидлива категорија,доаѓа и од ведро небо,а молњите можат да се протегаат и до 100 километри-тоа зборува колку оваа природна негода е опасна,велат експертите и апелираат да се води сметка за силата на природата, посебно на отворени површини.Ова го отвора прашањето ,велат експертите,дали знаеме како да се однесуваме во една ваква ситуација, дали воопшто ги проценуваме временските услови или занемарувајќи го лошото време го користиме секој миг за забава и уживање на плажа,заборајќи на опасноста од гром и други непогоди?

Изјава проф.др.НАУМЕ МАРИНОСКИ-Ф.Т.У.:Секојпат неукоста води кон катастрофа, ние мораме превентивно да делуваме на сите ситуации.  Да се превземат соодветни мерки, на пример дека групирањето мора да биде дисперзирано, дека треба да се зафати најниската позиција.Многу често луѓето не водат грижа за тоа дека ако се во езерото можат да настрадаат.Во принцип треба да се избегнуват места на највисока позиција или најосамено дрво, најчесто тоа треба да се прави во заклонета целина, вели професор доктор Науме Мариноски од Ф.Т.У.

Против гром не помагаат ниту градобијните ракети кои пак за воља на вистината по 35 години, Македонија ја укина нивната употреба. И ова не е единствен случај во кој за влакни е избегната трагедија во Охрид. Жители од месноста Даљан кои не сакаат да зборуваат пред камера,сведочст дека во саботата во доцните вечерни часовидве лица татко и син на 5 годишна возраст и покрај лошото време,одлучиле со глисер да се возат по Охридското езеро.Во еден момент глисерот,престанал да работи и тие 2 часа сред езеро,биле носени од водните струи во правец кон Албанија,во услови на силен дожд,ветар,и грмотевици.Ги спасол рибар во 23 часот кој со чамец тргал на ги бара, полицијата ја информирале мештаните после 2 часа,никој не секал да ја информира полоцијата бидејќи сопственикот немал дозвола за глисерот. Ескертите го коментираат и овој случај.

-Секоја вода е опасна,нема вода која не е опасна па во тој контекст и Охридското езеро е опасно.Не треба лакомислено да се постапува, во нашата стратегија што ја работевме на ФТУ за развој на туризмот во Охрид, ние предвидовме целосна еколошка заштита, изјави Мариноски.

Експертите сугерираат да се следи временската прогноза и кога таа е неполна, да се затворат плажите на охридско-струшката ривера.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста