Внукот на Ахмети без вложен денар стана сопственик на 39% од „Соравија“
Внукот на Али Ахмети, Дрин, чија фирма располага со 39% од трговскиот луксуз во срцето на метрополата, објаснувајќи како дошол до идејата да се купи имотот во центарот на Скопје, рече дека „Соравиа“ има 20 милиони евра долг, па сакале да ја разработат.

25 годишниот милионер Дрин Ахмети го купил трговскиот центар „Соравиа“ во срцето на Скопје благодарение на своите претприемачки способности, а не поради семејните односи со Али Ахмети. Внукот на лидерот на ДУИ кој заедно со неговите бизнис партнери зборуваше за големата инвестиција кажа дека е горд на неговиот чичко за кого вели дека му бил инспуирацијаво неговиот живот.
- „Али Ахмети ми е чичко и Бог да го благослови. Тој ми е мотивација. Ахмети ѝ помогна на оваа држава. Немаше да ја имаме Македонија денес ако го следевме Љубчо Георгиевски кој ќе ја поделеше државата. Али Ахмети не го потпиша тоа и вие не го цените доволно. Горд сум што го имам за вујко, но тој нема ништо со мојот бизнис. Нула. Ова што го прават медиумите сега, прави штета на мојата мрежа на соработници“, рече Ахмети.

Внукот на Али Ахмети ќе има 39% од Соравиа. Ниту тој, ниту пак стариот сопственик од Виена, не ја открија сумата за која го купиле ултра луксузниот деловен објект. Тоа било доверлива информација.
- „Задоволен сум што најдов партнери од вашата држава. Имав можност да го сретнам Дрин. Ни ги кажа своите идеи, има силни компании во заднина. Мојот тим стекна доверба во него и во неговата компанија во следните години. Дрин е млад човек што гледа во иднината. Се надевам дека ќе ги пренесе своите идеи“, рече Соравиа.
Дрин Ахмети, рече дека неговата компанија ТОР Индустри и албанската Па-Вла-Ку го превземаат објектот со отплаќање на долгот што го има оваа компанија од 20 милиони евра. Според пресметките, деловниот центар вреди околу 31 милон евра.

- Јас ќе го водам деловниот објект „Соравиа“ и затоа добивам 39 отсто. Кредитот кој го подигнавме во висина од 6 милиони евра од албанската банка Крединс Банк за да ја купиме „Соравија“ е на име на господинот Пјетерџокај. Тој таму е акционер и има добра репутација, затоа банката лесно му го одобри задолжувањето. Ова е бизнис и секој бизнис е ризик, затоа ако не оадат работите како што треба, ние ќе може деловната зграда да ја ставиме на продажба, рече Дрин Ахмети.
Патртнерот на Ахмети, Владимир Пјетерџока, кој поседува 51% од акциите во Соравиа се пофали дека како бизнисмен работел во земјите од регионот на милионски проекти. Со внукот на Ахмети се знаел неколку години и не гледа проблем што тој е дел од семејството на лидерот на ДУИ:

- Со Дрин се познавам четири години и за ова време тој е дел од активностите на моите бизниси во Италија. А за тоа дека е внук на Али Ахмети, би рекол дека секој е нечив внук, а наскоро ќе вложувам во уште еден проект во Македонија, вели тој.
Мнозинскиот сопственик наведе дека во Македонија со Пе-Вла-Ку учествувал и на повеќе тендери, вклучувајќи го и патот Скопје – Блаце, но дека никогаш не победил иако секогаш, како што рече, нудел најниска цена.
Борис Грујоски