Болницата за гинекологија во скопската населба Чаир и оваа грејна сезона ќе го загадува воздухот. Откако медиумите алармираа дека во период кога Скопје руши рекорди за најзагаден град во светот, оџакот на болницата испушта густ црн чад – надлежните со спротивставени изјави. Градоначалникот Шилегов најави затворање на болницата ако во период од 30 дена надлежните не го заменат котелот стар 50 години кој работи на мазут. Министерот за здравство оптимист, очекувал разбирање од градскиот татко оти процедурата за гасификација на родилиштето била во тек. Новиот еколошки метод за затоплување, вели ќе стартувал следната сезона.

Од Министерството за екологија ветуваат – во иднина ниту една јавна институција нема да користи мазут.

Инаку, во чаирската гинекологија годишно се раѓаат над 4000 бебиња. Преку системот за затоплување, кој бил набавен пред половина век, се греат просториите каде лежат мајките и бебињата, но и се топли вода за потребите на пациентите. Од денеска во болничките простории поставени биле 10 нови прочистувачи на воздух.

Биљана Божиновска