240 денари во два правци – проработеа двете наплатни рампи на автопатот Миладиновци – Штип

На граѓаните од Истокот од денес ќе им преседна патувањето до Скопје. Отпочнувањето со работа на двете патарини на автопатот Штип-Миладиновци, ќе ги чини дополнително 240 денари во двата правци. На патарината на Преод се плаќа 70, а кај Кадрифаково 50 денари.

 Вкупно 320 денари во двата правци чинат патарините за користење на автопатот долг 70километри. Ова ја зголеми цената и на такси превозот. Граѓаните реагираат велат дека високиот тарифник , не соодвествува ниту со патната инфраструктура, ниту со македонскиот стандард…

  “За волку скапи патарини и трошоци мислам дека нашата патна инфраструктура  не одговара. Ова е голем трошок и за нас и џза фирмите. Не требаше сега да ги пуштат, голема криза е“ реагираат граѓаните.

Цените на патарините на Коридорот 8 се одредуваат во согласност со законската регулатива за пресметка , според која 1км. поминат автопат чини 2,57денари и според надлежните Македонија е со најевтини патарини. Но според математиката, шоферите во Србија плаќаат уште поевтино од нас.

“Еве ние сме од Србија и таму од Прешево до Белград плаќаме околу 1600динари, односно околу 700денари , а возиме околу 300км3-вели шофер од Србија.

Лани само од наплата на патарини ЈП“Државни патишта“ успеа да инкасира 46,4 милиони евра. Граѓаните реагираа дека плаќаме скапи патарини, но надлежните  убедуваа дека кај нас е најевтино..

Изградбата на двете нови патарини државата ја чинеш речиси  5милиони евра, пари обезбедени со кредит земен од Европската банка за обнова и развој. Двете нови наплатни станици почнаа да се градат лани, но нивното ставање во функција беше одложено за кратко, откако камион влета и целосно  уништи една од седумте кабини на наплатната станица кај Кадрифаково.

Александра Ристевска

Поврзани вести