24 НАТПРЕВАРИ ВЕЧЕРВА ВО ЛЕ: ЕЛМАС ВО ТИМОТ НА НАПОЛИ ЗА ГОСТУВАЊЕТО ВО СОСИЕДАД

По три неделна пауза поради Коронавирус, Елиф Елмас вечерва очекува минутажа на гостувањето кај Реал Сосиедад во второто коло од Лига Европа. Нашиот репрезентативец го пропушти првиот меч, во кој Наполи минимално загуби од АЗ Алкмар, за разлика од Сосиедад, кои со 1-0 беа подобри од Ријека на нашиот Дарко Велковски. Ријека и Велковски вечерва ќе атакуваат на први бодови против АЗ Алкмар, додека втората хрватска екипа, Динамо Загреб во чии редови капитен е македонскиот репрезентативец Аријан Адеми по ремито со Феенорд, вечерва гостува во Москва, кај ЦСКА, која истотака стартуваше со бод против австрискиот Волфсбергер.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста