24-ца кавадарчани и струмичани завршија во станица изминативе 24 часа поради непочитување на полициски час

Уште една собиранка спречена во викендица во Тиквешко. Изутрината на околу 2 часа по полноќ полицијата упаднала во викендица лоцирана на местото викано Брушанска и затекнале 14 лица. Најпрво во куќата биле само четири лица. Се изненадиле од малиот број, кои според нивни сознанија бил многу поголем. Дополително направиле проверка во близина и на викендицата. Обидот на младите лица да се скоријат од полицијата бил неуспешен. Пронашле уште 14млади луѓе, меѓу кои  и 23годишниот сопственик на викендицата .

Ова не е се. Изминатите 24 часа во  станица завршиле кавадрчани и струмичани кои се журкале, но и свадбари од Кочани.

 Ден претходно вистинска драма се случувало и на улицата Шукри Шаин во Кочани, каде што со полициска интервенција е прекината свадбена прослава. Во станица завршија  младоженец, свекрва, свекор, но и родителите на невестата. Од свадбарите единствено таа била поштедена од полицијата  и било дозволено да  остане и во   новиот дома да си го дочека младоженецот кој откако дал изјава во полиција бил пуштен. Сватовите за Алфа велат дека тоа не било и класична свадба. Сакале само да си ја земат невестата и да ја однесат во новиот дом. Но се направило гужва откако соседите излегле да ја видат невестата, по што некој ги пријавил.

Деновиве зголемен е бројот на вакви полициски акции. Кривични пријави за непостапување според здравствените прописи за време на пендемија заработија и осумина струмичани кои организирале забава во приватен стан. Наспроти споменатите градови, свадби речиси секојдневно се прават во скопско Визбегово, Тетово, Гостивар, но ретко читаме за нив во полициските билтени.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста