„24 часа“: Бугарски државјанин по грешка вклучен на листата на повредени лица од несреќата на автобусот на „Беса транс“

Бугарскиот државјанин Сади Салех, по грешка бил вклучен, на листата на повредени патници, во несреќата на автобусот на „Беса транс“, објави бугарскиот весник „24 часа“. Салех, се обратил до редакцијата на весникот, објаснувајќи, дека нема никаква врска со несреќата на автопатот „Струма“. Тој  изјавил, дека е државјанин на Бугарија, и дека во саботата, бил примен на одделот за трауматологија, во болницата „Пирогов“ во Софија, поради скршеница на раката. Бидејќи, неговото име, се најде на листата на повредените патници, се испоставило, дека од клиниката, по грешка, го внеле на тој список, наведува бугарскиот весник „24 часа“, додавајќи, дека Салех, веќе е отпуштен од болницата..

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста