Еврометар- Мнозинството граѓани ја губат довербата во политиката и судството

Македонија не доби датум за отпочнување преговори за влез во ЕУ поради неспроведените реформи на домашен пат, истражувањето на Еврометар покажа дека 56, 8% од граѓаните вина гледаат во лошо спроведените реформи односно неспроведените..

Сепак, телефонската анкета покажала дека оптимизмот кај граѓаните и покрај француското вето останува.

Изјава: Магдалена Ленковска- Истражувач во Евротинк

Поразувачки податок е големиот процент на недоверба во правосудството и политичките партии велат од ЕвроТинк, истражувањето покажува дека дури 71, 5 % од граѓаните немаат доверба во правосудството додека пак, традиционално војската ужива најголема доверба кај народот.

Пред владата да ја добие шлаканицата наместо датум за почеток на преговори истото истражување покажа дека за граѓаните најголема закана за македонскиот евроинтегративен пат е Бугарија.

Сега на прво место се најде Грција, а веднаш по неа Албанија.

Симона Србиноска

Advertisements