22 вработени во СВР во карантин поради заразениот полициски службеник,ковид-19 дијагностициран и кај медицинска сестра од болницата во Лешок

Полицијата испитува каде и со кого се движел полицискиот службеник од Тетово, кој е позитивен на ковид-19, и колку луѓе довел во опасност од можно заразување со коронавирус.Вирусот кај службеникот е дијагностициран пред два дена.Пред тестирањето, тој имал симптоми на болеста и бил на боледување,но минатата недела и покрај ова дошол на работа поради некои обврски.Од МВР информираат дека се проверува дали тој свесно го направил ова, за што ќе добие соодвтени дисциплински и други казнени мерки. Колегите од СВР Тетово со кои имал контакти се во карантин.

Сеуште се испитува како и кога се заразил.Не бил во странство, ниту во контакт со некој од потврдените случаи во Тетово.Неофицијално,според наши извори,единствената врска за заразата е колега вработен во МВР во Скопје, заболен од коронавирус,со кого имал контакти.

Позитивна на ковид-19 е и една медициснка сестра од Специјалната болница за белодробни болести и туберкулоза во Лешок.Оттаму не информираат дека таа најверојатно се заразила од гости од странство.Бидејќи во болницата работаат сменски и поделени во тимови,таа изминативе денови не била на работа и немала контакт со пациенти, тврдат во раководството.Во карантин се само шест нејзини колеги, на кои им се земени брисеви.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста