22 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата.

По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136, од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: – Скопје (81) – од кои едно лице е од Богданци, а живее во Скопје – Дебар (40) – од кои 1 починат – Штип (7) – Куманово (3) – од кои 1 починат – Кавадарци (2) – Охрид (2) – од кои 1 лице е од Скопје а е во иозлација во Охрид – Гостивар (1).

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста