22-ца „избрани“ со солен приход: Само платите на Ковачевски, Пендаровски, Џафери и министрите ќе не чинат 850.000 евра годишно
Три градинки, две амуланти, 20 возила на брза помош или 10 противпожарни возила. Ова може да се купи со 750.000 илјади евра, колку што изнесува годишната бруто плата на првиот владин ешалон по зголемувањето.
Пресметките покажуваат за нето плати плус придонесите за 20-те членови на Владата, ќе бидат исплатени речиси 47 милиони денари.
Само за премиерот државата ќе плаќа речиси 47 илјади евра годишно.
-Треба да се почитува, со оглед на тоа што одлука на Уставен суд е конечна, изјави Ковачевски.
Нешто помалку државни пари ќе бидат платени за човекот кој не знаеше колкава плата ќе добивал.
-Значи не е исплатена, не знам… Немам поим ќе видиме кога ќе стигне, изјави Спасовски.
За првиот полицаец ќе се плаќаат нешто помалку од 46.000 евра. Кога на 750-те илјади евра за првите луѓе во Владата, ќе се додадат и годишните плати на собранискиот спикер и македонскиот претседател, сумата надминува и 850 илјади евра. За Талат Џафери и Стево Пендаровски ќе се одлеат речиси 50.000 евра годишно.
-По ново 165 илјади, по старо 93 илјади, тоа го објавија сите медиуми, изјави Пендаровски.
Целосната сума што ќе се исплаќа од парите на граѓаните на сметка плати за избрани и именувани функционери е многу поголема, со оглад на тоа што нивниот број е меѓу 500 и 600. Тука се и пратениците, директорите на јавните претпријатија, советниците во општини, судии, јавни обвинители, сите кои се опфатени со одлуката на Уставен.
Матеја Петровски