22 години по рамковниот договор – Што доби Македонија?

13 август 2001 година под силен меѓународен притисок , после неколку месечни тензични преговори се потпиша Охридскиот рамковен договор со кој се стави крај на крвопролевањето .  Рамковниот го отвори Уставот и етничките заедници добија поголеми права . 22 години подоцна, од она што беше ставено на хартија , имплементацијата е во сосема друг правец , коментираат аналитичарите . Наместо граѓански концепт за развој на државата , одредбите од 2001 се злоупотребуваат .  Според аналитичарот Благојче Атанасовски, Македонија не се гради како европска граѓанска демократија, туку се создадоа два етнички блока

Сето тоа што беше запишано во Рамковниот договор дека Македонија треба да биде мултиетничка граѓанска демократија имплементацијата на договорот дегенерираше да Македонија ја направи еден вид на консосицијација делејкија на два етнички блокови се злоупотребуваше принципот во вработување по етнички клуч, бадентеровото мнозинство многу пати беше злупотребено и на наместо Македонија да се гради како еден вид на европска граѓанска демократија каде ќе се почитуваат човековите права и институциите на системот ние во овие 22 години сме секојдневни сведоци дека живееме во паралелни светови, односно партиите на етничките албанци сеуште се заробени во својот етно националистички дискурс, наместо да промовираат граѓански концепт на развој на државата , порача Атанасовски.

Од денешна призма, Рамковниот договор беше добар затоа што стави крај на шестмесечните воени дејствија и се спречи да прераснат во граѓанска војна ,  додава Атанасовски .  Но, наместо развој на државата во мултуитничка демократија се случува постојано прекршување на одредбите од истиот.

  Но, се она што се случуваше по имплементација дегенерираше во сосема еден друг правец од оној што беше претходно замислен и напишан во Охридскиот рамковен договор и претходно осмислен како Македонија треба да се развива во мултиетничка демократија и мислам дека и припадниците на меѓународната заедница, под чиј и кпритисок се потпиша сфатија дека сето тоа што беше ставено на хартија отиде во еден друг правец и како што кажав Македонија да оди по патот на Либан или на Кипар ,  и цело време тежнееме на еден вид на јазична и етничка федерација и покрај тоа што Македонија е унитарна земја по Устав , коментира Атанасовски .

На преговорите во  Вила билјана во Охрид  кои биле мошне напнати  учествувале тогашниот претседател на Република македонија Борис Трајкоски, Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски , Имер Имери , Арбен Џафери и претставникот од ЕУ Франсоа Леотар и Хавиер Солана, а од САД Питер Фејт и Џејмс Пердју .  Преговорите се случуваат во исто време додека ескалираат насилствата на фронт . Според Рамковниот договор треба целосно да се почитува принципот на недискриминација и рамноправен правичен третман на сите лица пред законот. Овој принцип особено се применува во однос на вработувањата во јавната администрација и јавните претпријатија .

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста